Стефанова: Груевски на плацот на Водно сакал да гради куќа во барок

Според обвинението, поранешниот премиер обезбедил и два плаца во Крушево и влијаел да се изменат закони, за да може да се продаваат шуми и земјоделско земјиште за да се градат викендици. Овие плацеви биле на име на неговиот кум, Ристо Новачевски.

707

Обвинителката Лиле Стефанова во водесниот збор за случајот за „Плацевите на Водно”, тврди дека поранешниот премиер Никола Груевски на плацот на Водно сакал да гради куќа во барок.

– Овој предмет можеби никогаш да не беше отворен, доколку не беа „бомбите”, кои беа и јавно објавени. Груевски беше премиер повеќе од 10 години. Во целиот овој период негуваше имиџ на лице кое е безимотно, живее во станот на својата мајка, нема возило и има само заштеда од плата. Е содржините од овие разговори, како основи на сомнение, упатуваа на сосема на друга слика и фактичка состојба. Тој поседува имот кој за својот мандат го стекнувал, но го запишувал на други имиња. Ова ќе го докажам со сослушување на сведоци кои купувале имот на име на фирми, специјално за таа намена – рече обвинителката Стефанова.






Таа додаде дека ќе  докажи и дека во зградата во која живеел купил стан и го запишал на име на сведок кој ќе биде сослушан.

– Во 2009 го купил и четвртиот стан од истата зграда и го запишал на име на фирма. Во доказната постапка ќе изведеме материјални докази, од кои судот ќе се убеди дека Груевски во 2009 година за себе обезбедил плац од 2.700 метри квадратни, до резиденцијата на Вилма Трајковска. Ќе ги презентираме и проектите за куќата, која секако е во барокен стил, а требало да биде изградена – рече Стефанова.

Според она што го кажа обвинителката Груевски обезбедил и два плаца во Крушево.

– Влијаел да се изменат закони, за да може да се продаваат шуми и земјоделско земјиште за да се градат викендици. Овие плацеви биле на име на неговиот кум, Ристо Новачевски – рече Стефанова.

Судењето за случајот „Плацови на Водно“ почна денеска а во него покрај  Никола Груевски ае обвинети и  Сашо Мијалков, Јордан  Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Поцесот го води судијата Илија Трпков, а обвинител во случајот е Лиле Стефанова.

 

Поврзани содржини