Стејт департмент: Власта создава непредвидлива бизнис клима погодна за корупција

Власта генерално применува закони, но има бројни извештаи дека некои функционери остануваат вклучени во коруптивни активности, се наведува во извештајот на Стејт департментот.

1,483

Корупцијата е постојано прашање во Северна Македонија иако бизнисот генерално лесно се одвива и правните рамки се во линија со меѓународните стандарди, се наведува во последниот извештај на Стејт департментот објавен вчера.

Извештајот потсетува дека Светска банка ја рангираше Македонија на 17 место во 2020 година што е за 7 места подолу од 2019 година.






Иако големи странски компании кои работат во ТИРЗ зоната генерално се изјаснуваат позитивно за искуставата и одржуваат добри реалции со власта, генерално регулаторната околина во земјата останува сложена и постојаните промени во регулативата и во легислативата придружени со недоследна интерпретација на правилата, создава непредвидлива бизнис клима погодна за корупција. Власта генерално применува закони, но има бројни извештаи дека некои функционери остануваат вклучени во коруптивни активности“, се наведува во извештајот на Стејт департментот.

Стејт департментот потсетува дека Транспарентност интернешенел ја рангираше Северна Македонија на 111 место од 180 земји според индексот за перцепција на корупцијата во 2020 година, што е подолу за 5 места од претходната година и 13 места подолу од 2018 година, со резултат 35/100 поени.

Извештајот се осврнува и на влијанието на пандемијата со ковид-19 врз економијата во земјава и заклучува дека таа имала длабоко влијание и врз нејзината способност да привлече странски инвеститори. Пандемијата го забави растот на БДП на земјата од раст од 3,2% во 2019 на пад од 4,5% во 2020 година. Вирусот ќе има големо и нејасно влијание врз економијата и во 2021 година и понатаму, се наведува во извештајот на Стејт департментот.

Поврзани содржини