Стејт департмент: Одблизу ја следиме ситуацијата со Мијалков

1,325

Свесни сме за овие извештаи, и ја следиме ситуацијата одблизу, изјави кусо портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка, по бегството на Сашо Мијалков.

Министерството за внатрешни работи денеска попладне распиша меѓународна потерница по поранешниот шеф на УБК, кој од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.






Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Обвинителството во завршните зборови за „Таргет-Тврдина“ побара максимална казна за Мијалков, а пресудата треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

Поврзани содржини