СТЕ РАЗМИСЛУВАЛЕ ЛИ ОД ТЕМЕЛ ДА ПРЕМЕСТИТЕ ЦЕЛ ГРАД СОСЕ ЗГРАДИТЕ? Еве зошто Швеѓаните го прават тоа со Кируна (ВИДЕО)

Зградите ќе бидат кренати и поместувани во нова населба, а сè треба да заврши во 2036 година кога 6.000 жители кои живеат во зградите повторно ќе можат да се вратат во своите, сега преместени огништа.

392

Дваесетина историски згради и други објекти ќе бидат од темел преместени за 3 километри од север кон исток во шведскиот град Кируна. Градот кој постои веќе 125 години бил изграден околу рудник за железо, но властите одлучиле дека може да има човечки несреќи и загадување поради близината на окното, па почнале да го преметуваат уште од 2018 година.

 






Зградите ќе бидат кренати и поместувани во нова населба, а сè треба да заврши во 2036 година кога 6.000 жители кои живеат во зградите повторно ќе можат да се вратат во своите, сега преместени огништа.

 

Не било лесно да се отпочне оваа постапка. Освен техничките зафати, властите морале долго да преговараат со рударската компанија која е во државна сопственост.

Поврзани содржини