СТЕ ФАТИЛЕ РАБОТА СО МАФИЈАШ КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД! Стоилковски објаснува кој е Васил Черепот, идниот партнер на владата во коцкарскиот бизнис

Тука стои дека тој подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Оттука, работењето со него, со луѓе коишто се поврзуваат со него, со неговите фирми, се смета за работење спротивно на американските интереси, спротивно на справувањето со корупцијата, спротивно на борбата со мафијашкото и проруското влијание – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

831

Бугарскиот коцкарски могул и мафијашки олигарх, Васил Божков – Черепот, со кого македонската влада влегува во партнерски однос за отворање онлајн коцкарници, од 2021 година се наоѓа на црната листа на санкции на американскиот департмент за финансии, согласно листата со актот Магнитски против криминал, корупција, ширење на руски влијанија – соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.






– Владата на ДУИ и СДС, Ковачевски и Артан Груби, како потписник на документот за Државната Лотарија, државната компанија Државна Лотарија водена од шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами, се должни во најкус рок да соопштат дали имаат ветување, намера, или веќе имаат договор за внесување на Македонија во партнерски однос со Васил Божков или кој било од неговите фирми за игри на среќа, онлајн коцкање, обложување во Бугарија и дали тоа треба да се покрие со огласот на Државната Лотарија?

Стоилковски тврди дека Божков и неговите фирми од 2021 година се наоѓаат на црната листа на САД.

– Тоа подразбира економски и трговски санкции за компании и лица, листа која ја следат и по којашто се водат банките и државите во светот. Ова е извадок од ОФАК, одделот за контрола на имот при американскиот департмент, каде стои листата на којашто е наведен и Васил Кроумов Божков, во латинична транскрипција со Ј наместо Ж, но и со ЗХ наместо Ж, наведено како алијас, исто како што стои и „Черепот“. Под неговото име се наведени и компаниите, и причината зошто е ставен на оваа листа – рече Наум Стоилковски.

Тој покажа документ од американскиот департмент за финансии.

– Тука стои дека тој подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ќе потенцирам уште еднаш, подмитувал да се донесат дозволи и закони во негова полза – нагласи Стоилковски.

Тој додаде дека ОФАК на листата и под санкции ги става и 58 фирми кои ги поседува или контролира Божков.

– Тука доминираат имиња на фирми со основа и варијации на името ВАБО, па варијации на имиња со НОВЕ, па ЕУРО или ЕВРОБЕТ и низа други, во зависност од тоа како добиваат или се откажуваат од лиценци, се отвораат или се затвораат. Од тука, работењето со него, со луѓе коишто се поврзуваат со него, со неговите фирми, се смета за работење спротивно на американските интереси, спротивно на справувањето со корупцијата, спротивно на борбата со мафијашкото и проруското влијание – рече Стоилковски.

И оттука, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, од исклучителна важност е да се знае, дали државната Лотарија, по одобрението од Артан Груби, влегла во партнерство со која било фирма на Божков или се доведува во врска со него.

– Исто така, би посочил на институциите во Македонија, сериозно да се зафатат со овој случај, бидејќи каков било договор, таен, потпишан или само договорен, на Државната лотарија со лице или фирма на црната листа на САД, е работа спротивна на интересите на Македонија.

Поврзани содржини