СТАВРЕ ЈАДА ВТОРПАТ ЌЕ НЀ ПРЕТСТАВУВА НА ОЛИМПИЈАДА Ќе спринта 1,4 км и ќе трча маратон од 50 километри
Крушевчанецот ќе настапува на спринт од 1,4 километри и во маратонот од 50 км на Зимските олимписки игри во Пекинг, од 4 до 20 февруари годинава.
Крушевчанецот Ставре Јада по втор пат ќе ги брани боите на македонското знаме на Зимските олимписки игри во Пекинг од 4 до 20 февруари годинава.
Македонецот ќе настапува на спринт од 1,4 километри и во маратонот од 50 км.
– По втор пат учествувам на едни Олимписки игри во мојот спорт нордиско скијање. Претходно бев учесник на Игрите во Јужна Кореа во 2018 година. Од 4 до 20 февруари повторно ќе ги претставувам боите на Македонија – изјави Ставре Јада.
Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски му посака успешен настап на Јада во Пекинг.