СТАВОТ НА ЗНАМ Е ЈАСЕН, ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ТРЕБА ДА СЕ УКИНЕ Движењето дава поддршка за една изборна единица и за сите реформски закони
Пржинската, техничката влада беше воведена како привремено решение во еден специфичен временски политички контекст со цел да се воведат фер демократски избори во политичка криза. Тие времиња се зад нас. По неколку успешни изобрни циклуси се покажа дека државата има капацитет да организира фер и кизбори. Затоа, пржинската техничка влада веќе ја има отслужено својата цел, вели Карапејовски од движењето ЗНАМ.
Во однос на законот за техничката влада, ставот на ЗНАМ е јасен, таа треба да биде укината. Вака изјави координаторот на пратеничката група на ЗНАМ Бобан Карапејовски по лидерската средба која денеска се одржа во просториите на Клубот на пратеници.
– Пржинската, техничка влада беше воведена како привремено решение во еден специфичен временски политички контекст со цел да се воведат фер демократски избори во политичка криза. Тие времиња се зад нас. По неколку успешни изборни циклуси се покажа дека државата има капацитет да организира фер и кизбори. Затоа, пржинската техничка влада веќе ја има отслужено својата цел – вели Карапејовски.
Тој истакна дека ЗНАМ смета дека иницијативата на премиерот Мицкоски за одржување лидерска средба е одговорен државнички чин на зрелост и, како што вели, ваквиот пристап е показател дека политичките актери ги ставаат во прв ред интересите на државата.
Карапејовски ја коментираше и идејата за една изборна единица на која се разговарало на средбата.
– За ЗНАМ е потребно ново модерно решение со една изборна единица што ќе обезбеди поголема еднаквост на гласот на секој граѓанин и пофер политичка застапеност. Истовремено мора јасно и прецизнод ас е регулира финансирањето на политичките партии особено оние застапени во собранието со цел да се обезбеди транспарентност.
ЗНАМ исто така дава силна поддршка на законите од реформската агенда, вели Карапејовски. Движењето смета дека потребен е политички консензус за овие закони бидејќи, како што вели тој, ЗНАМ верува дека стратешката цел на сите политички фактори мора да биде членството на Македонија во ЕУ.
– Особено го поддржуваме примената на законот „Сејф Сити“. Шт побрзо се донесе тој закон ќе бидат спасени човечки животи.
За народниот правобранител ЗНАМ смета дека функцијата мора да ја отслужува висококвалификувано лице со долгогодишно искуство. ЗНАМ охрабрува што побрзо избирање народен правобранител.
На прашањето зошто лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски не присуствуваше на средбата, Карапејовски вели дека Димитриевски имал закажани обврски надвор од државата и дека се работи за техничка работа.
– Но, битно е што движењето ЗНАМ учествува на средбата во координација со својот лидер – дециден е Карапејовски.