📽️ СТАВИЛ ПАРИ ВО ПАСОШОТ, ПА ЗАВРШИ СО ЛИСИЦИ Албанец се обидел да поткупи полицаец на Блато

При пасошка контрола на излез од државата, 33-годишник од Албанија ставил пари во патната исправа и му укажал на полицаецот дека се наменети за него.

366

Албански државјанин (33) е приведен на граничниот премин Блато откако при пасошка контрола се обидел да поткупи полициски службеник.

Инцидентот се случил синоќа во 20:25 часот, кога мажот при излез од државата во својата патна исправа ставил пари и му укажал на полицаецот дека тие се наменети за него.






Според информациите од МВР, станува збор за 33-годишниот Б.Ц. од Република Албанија. Наместо побрза процедура, тој добил лисици на рацете.

Од полицијата информираат дека лицето веднаш било лишено од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, а случајот е документиран.

Албанскиот државјанин е задржан во Полициската станица во Дебар, а по целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини