СТАВИЛ 10 ЕВРА ВО ПАСОШОТ Приведен е 51-годишен Косовец поради нудење поткуп
„На 15.04.2025 на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, во патната исправа која ја дал на увид на полицискиот службеник при гранична контрола, ставил банкнота од 10 евра“, се вели во соопштението.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Б.Ш.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп”, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).