СТАВИ, ВАДИ, СТАВИ Вратен знакот „Ја сакам Кисела Вода“, на потег е Данела (ФОТО)

Георгиевски смета дека градоначалничката Арсовска се вразумила и дека почнала да се занимава со многу поважни работи од знакот „Ја сакам Кисела Вода“.

925

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Георгиевски утрово на својата фејсбук страница сподели дека на пешачкиот остров меѓу улицата Народни херои и булеварот Борис Трајковски пак е вратен знакот „Ја сакам Кисела Вода“, кој пред 4 месеци го урна градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Битката помеѓу Градот и Општината околу „Ја сакам Кисела Вода“ тогаш заврши со „победа“ на Град Скопје“, а сега со овој потег на Ѓорѓиевски „резултатот е изедначен“. Градот тогаш донесе решение за отстранување, за кое градоначалникот рече дека е правно неиздржано поради тоа што во него, случајно или не, се бара отстранување на објект во Општината Аеродром, а не во Кисела Вода.






– Да водиш институција е многу сериозна работа и тоа не подразбира реваншизам, политичко инаетење и незрелост или правење на циркус со рушење на рекламни табли. Тоа подразбира решавање на проблеми на граѓаните и искрено се надевам дека дотичните од Градот Скопје ќе излезат од балонот  на гнев и реваншизам и конечно ќе ја сфатат улогата и функцијата за која се избрани – изјави тогаш Ѓорѓиевски.

Георгиевски смета дека градоначалничката се вразумила и дека почнала да се занимава со многу поважни работи од знакот „Ја сакам Кисела Вода“.

Знакот беше урнат во октомври лани, откако Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Тогаш Георгиевски најави дека тој повторно ќе биде вратен на локацијата.

Поврзани содржини