СТАВИ КРАЈ НА ГЛАСИНИТЕ Адел ја потврди врската со агентот на Леброн Џејмс (ФОТО)

2,060

Долго трае шушкањето за врската на популарната пејачка и агентот на НБА кошаркарот Леброн Џејмс. Тој ја потврди нивната врска во интервју.

Пејачката Адел (33) за првпат објави фотографија со своето момче на Инстаграм. Бидејќи веќе подолго време во светските медиуми се зборува за нивната врска, пејачката одлучи и самата да го потврди тоа.






За да можат нејзините обожаватели да го откријат тоа, морале малку подобро да ги погледнат фотографиите бидејќи Адел ја објави дури трета во низата.

Фотографијата наскоро собра повеќе од шест милиони лајкови и повеќе од 60.000 коментари од воодушевените следбеници.

„Конечно! Ти посакувам и ти да ја најдеш среќата“, „Кој е овој згоден маж?“, „Каква жена“, „Прекрасен пар“, „Најубав пар“, ѝ напишаа фановите.

Рич Пол (39) и Адел се во врска неколку месеци. Гласините започнаа кога беа заедно на НБА финалето во Феникс.

Многумина исто така беа заинтересирани кога Адел ќе објави нов албум.

„Кога оди новиот албум?“, „Супер е што најде момче, дај ми сега нов албум?“, „Те молам, издади нов албум“, се само дел од стотиците коментари, но пејачката не одговори.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини