СТАВИЈА НОВА ОГРАДА СО БОДЛИКАВА ЖИЦА ВО „ШУТКА“ Се засилува безбедноста во Затворот Скопје

Управата за извршување на санкции започна со унапредување на безбедносната инфраструктура – нова ограда и бодликава жица поставени околу Затвор Скопје.

1,570

Управата за извршување на санкции информира дека во Казнено-поправната установа Затвор Скопје е поставена нова метална ограда заедно со бодликава жица, како дел од мерките за зајакнување на безбедноста во објектот.

„Оградата е дел од нашите редовни активности за унапредување на безбедносните стандарди. Дополнително, на главниот влез на установата е поставена и нова табла со натпис, со цел појасна идентификација и уреден визуелен изглед на влезот“, соопштуваат од Управата.






Овие активности доаѓаат по серија јавни реакции и случаи во кои безбедноста во оваа установа беше ставена под прашалник, како и по критики од јавноста за неажурност и застарена опрема.

Од Управата додаваат дека вложувањата во безбедносната инфраструктура ќе продолжат и во другите затворски установи низ државата, како дел од долгорочната стратегија за реформа на системот.

Поврзани содржини