СТАВЕТЕ МУ МАКЕДОНСКО ЗНАМЕНЦЕ НА ЖИВОТОТ! Активистот Суад Мисини започна штрајк со жед пред Собранието

Цврсто сум убеден дека ова може веднаш да се реши, со грам политичка волја и свест. И не треба повеќе од една недела, бидејќи институциите со децении се бават со ова прашање, сѐ им е јасно, на располагање ги имаат сите решенија, порача активистот Суад Мисини, кој бара од властите да го решат проблемот со фантомите, односно со луѓето кои живеат без документи.

959

Активистот Суад Мисини денеска започна штрајк со жед пред зградата на Собранието, поради тоа што, како што објави, не се решава проблемот со фантомите, односно со луѓето без документи.

Мисини уште минатата недела се обрати до јавноста, но пред сѐ до претседателот на државата, премиерот и претседателот на Собранието, да се изгласаат сите потребни закони, како што рече: „апелирам на животот да му ставите македонско знаменце, со значење – веднаш!“






„Доколку ова прашање не се затвори до 19.06.2023 (понеделник), истиот ден ќе започнам безусловен и неограничен штрајк со жед, кој ке трае сé до решавање на овој проблем. Или до нерешавање. А тоа, според медицинската наука трае најмногу до – 3 дена. Ако така решат најмоќните, нема да трае долго“, напиша Мисини.

Тој вели дека фантомите мора да ги снема од Македонија, а да се појават нормални граѓани на оваа земја, продуктивни поединци кои ќе ги уживаат правата гарантирани со Уставот и кои ќе плаќаат даноци.

„Цврсто сум убеден дека ова може веднаш да се реши, со грам политичка волја и свест. И не треба повеќе од една недела, бидејќи институциите со децении се бават со ова прашање, сѐ им е јасно, на располагање ги имаат сите решенија. Еве, 10 дена – вели Мисини.

Поврзани содржини