СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА ПОЖАРОТ КАЈ СВЕТИ СПАС Нема опасност да се прошири

Во гаснењето учествувале 20 скопски пожарникари, со вкупно пет возила.

0

Под контрола е ставен пожарот кој избувна вечерва во стара куќа на улица Самоилова, во близина на црквата „Свети Спас“, изјави Звонко Томевски, командант на Проптивпожарна заштита Скопје.

Дојавата ја добивме во 19:43 часот и веднаш испративме три противпожарни возила. Тие затекнаа пожар во развиена фаза, со пламени јазици надвор од покривот и од габаритот на објектот. Потоа беа испратени уште две возила, така што вкупно 20 пожарникари учествува во гаснењето. Пожарот за кратко време го ставивме под контрола и не дозволивме да се прошири на соседните објекти. Сега се работи на догасување и на расчистување на теренот – изјави Томевски за Либертас.мк.






Полицијата допрва треба да ја утврди причината за пожарот во објектот, во кој, според очевидци, често се собирале бездомни лица.

ПОЖАР ИЗБИ ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА, БЛИЗУ ЦРКВАТА „СВЕТИ СПАС“! Противпожарните екипи се на терен

 

Поврзани содржини