СТАТУС КОЈ СЕКОЈ БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ПРОЧИТА Се однесува за сите без разлика дали сте ваксер или антиваксер

Тој вели дека неговите родители и тој верувале во науката и дека тие никогаш не се разболеле и не пренеле некоја од заразните болести против кои биле вакцинирани.

1,066

Еден корисник на социјалните медиуми кој се вакцинирал против коронавирусот во својот пост кој го сподели ги објасни причините зошто е имунизиран и зошто секој од нас треба да го стори тоа.

„Не, немам идеја што има во вакцината, ниту во сите оние што ги добив како дете, исто како што немам идеја што има во лековите како бруфен, парацетамол или андол што ги земам кога ме боли главата или кога ќе кренам температура, или она што е во другите третмани – анестезијата за време на операција или највообичаена поправка на забите, антибиотик против воспаление, ниту во вакцина против тетанус, грип или во вакцините за деца. Му верувам на мојот лекар кога ми вели дека е потребно. Исто така, не знам точно или сигурно што има во кроасанот, бурекот или ќебапите. Немам идеја што има во другата храна што ја јадам, пијалакот што го пијам … Јас дури и не ја знам секоја состојка во мојот сапун, ниту шампон, ниту дезодоранс. Не го знам долгорочниот ефект од користењето мобилен телефон или дали навистина се користеа чисти чаши во кафулето во кое штотуку пиев продолжено еспресо и дали персоналот ги миеше рацете“, наведува лицето во својата објава и додава:






„Најчесто… Има многу работи што не ги знам и никогаш нема да ги знам. Сè што знам е дека животот е краток, многу краток, и јас сепак сакам да правам нешто друго освен да седам дома. Сè уште сакам да излегувам, да се дружам и да патувам, да ги гушнам луѓето без страв и да го најдам тоа чувство за живот од порано“.

Овој корисник посочува дека како дете и возрасен, тој бил вакциниран со сите вакцини од картонот за задолжителна вакцинација, како што се вакцина против туберкулоза, заушки, мали сипаници…

Тој вели дека неговите родители и тој верувале во науката и дека тие никогаш не се разболеле и не пренеле некоја од заразните болести против кои биле вакцинирани.

„Се вакцинирав, не затоа што владата вели дека треба да биде така, туку за да не се разболам и да умрам од ковид-19, да не ги заразувам моите најблиски и најмили, но и оние малку помалку блиски и драги, па дури и оние целосно непознати луѓе, да не земам болнички кревет ако се разболам и да го одземам тоа место од некој на кого тој кревет му е многу потребен поради акутна болест и опасна по живот, да ги гушнам моите најблиски, да не мора да правам ПЦР или антиген тестови за да одам во кино, на концерт, во кафе или во ресторан, за да патувам и слично, да го живеам мојот живот“, рече тој и порача:

„Да го направиме ковид-19 конечно стар и лош спомен, да се заштитиме, сите ние“.

Поврзани содржини