СТАТИСТИКАТА ПОТВРДИ ГОЛЕМ РАСТ НА ПРЕВЕЗЕНАТА СТОКА ВО ТОВАРНИОТ СООБРАЌАЈ Државната поддршка и новите авиолинии го зголемија и превозот на патници во авиосoобраќајот

Според Министерството за транспорт намалувањето на железничкиот превоз за 13,4 % се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа на Коридор 10.

129

Вкупната количина превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот квартал од 2025 година е за 66,7% зголемена во споредба со истиот период 2024 година, информира Министерството за транспорт кое ги коментира податоците на Државниот завод за статистика.

Оттаму велат дека Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23,7% во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4% и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10.






-Во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925.000 патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889.153 патници што покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска поддршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии. Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите- вели министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Според министерството, единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34.000 патници.

Поврзани содржини