СТАСАА УШТЕ 50.000 ДОЗИ „ФАЈЗЕР“ Донација од Бугарија за Македонија
„Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност“, напиша Османи.
Донација од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија стаса во Македонија, соопшти утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи.
„Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност“, напиша Османи.
Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Северна Македонија. Министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тогаш тоа не била извршена.