Сабајле во продавница:
– Добро утро комшија.
– Добро утро госпожа. Ви стигнаа српски вакцини?
– Да, сабајле, свежи уште чадат.
– Сигурно?
– Знајш ти дека ги набавувам од еден чоек од село, само природно антителата ги храни.
– Добро, спакувај ми шест. Модерна имаш? Ме пукна малиот, сите на школо само такви имале…
– Деца, ќе ти спакувам и од неа.
– Дај и Спутник две, нека има и исечи ми Ивермектин и Сумамед по две ленти.
– На половина или четвртини?
– Четвртини, за мезе, гости ќе ни идат.
– Ево повели…
– Фала госпожа.
– Поздрав госпожа.
(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)