Стартува Програмата за проверка на факти од трети страни на Фејсбук во земјава

Фејсбук, наведуваат, има преку 70 партнери за проверка на факти на повеќе од 50 јазици на глобално ниво и секојдневно инвестира во начини за понатамошно развивање на овие напори.

311

Како дел од борбата против дезинформациите на Фејсбук, компанијата оствари соработка со независни проверувачи на факти од трети страни ширум светот, кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на содржината.

Денеска беше најавено започнувањето на програмата за проверка на факти од трети страни во земјава со Вистиномер (Фондација Метаморфозис). Оваа програма започна и во регионот, односно Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, како и нејзино проширување во Хрватска. Сите партнери на програмата се сертифицирани преку непартиска меѓународна мрежа за проверка на факти.






– Борбата против лажните вести е одговорност што ја сфаќаме сериозно, затоа постојано работиме на начини да помогнеме да се запре ширењето на дезинформациите на нашата платформа, изјави Софи Ајерс, менаџер за стратешки развој на Фејсбук.

Оваа програма, стои во соопштението, е во согласност со тројната платформа за развој на софтвер апликации (three-part framework) на Фејсбук за подобрување на квалитетот и автентичноста на вестите во делот „Новости (News Feed)“, при што Фејсбук ги отстранува профилите и содржината што ги кршат нивните Стандарди на заедницата (Community standards).

– Фејсбук е платформата преку која луѓето во нашата земја најчесто наоѓаат, примаат и консумираат информации. Во комбинација со нашите напори да ги поттикнеме читателите да размислуваат критички за кредибилитетот на медиумите и селективно да пристапат кон изворите на информации, веруваме дека партнерството со ФБ е најефикасниот начин за борба против ширењето на погрешни и лажни информации, вели Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис.

Фејсбук, наведуваат, има преку 70 партнери за проверка на факти на повеќе од 50 јазици на глобално ниво и секојдневно инвестира во начини за понатамошно развивање на овие напори.

Поврзани содржини