СТАРТУВА НОВА ТОПЛАНА ЗА ЧАИР И БУТЕЛ Tessa Energy – ново поглавје во енергетиката

Проектот предвидува приклучување на опремата на гасоводната мрежа со која управува Energy Ecolink (поранешна Топлана Скопје Север АД Скопје). Оваа есен Energy Ecolink влезе целосно подготвена пред официјалниот старт на грејната сезона и на своите корисници им обезбеди сигурно и топло домување, се вели во соопштението на Tessa Energy.

114

Во рамки на групацијата Tessa Group започнува ново поглавје во енергетиката под брендот – Tessa Energy. Овој чекор не е само промена на имиџот, туку пред се симбол на обединетост, визија и континуиран напредок – соопшти групацијата Tessa Group.

„Како енергетски столб на групацијата, Tessa Energy е посветена на создавање еколошки, ефикасни и економични решенија кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и чиста животна средина.






Водечки мотор” на Tessa Energy e Energy Ecolink, топланата која ги снабдува жителите на општините Чаир и Бутел, започнувајќи нова ера на енергетска стабилност, сигурност и одржлив развој во Скопје.

Оваа есен Energy Ecolink влезе целосно подготвена пред официјалниот старт на грејната сезона и на своите корисници им обезбеди сигурно и топло домување, затоа што топлината не е луксуз, туку секојдневна потреба во период кој им претстои. Компанијата е посветена на постојан развој и иновации за да одговори на потребите на пазарот и да ги надмине очекувањата на своите корисници.

Со новата инвестиција во вредност од над 2 милиони евра кои беа инвестирани во Tessa Energy, Скопје добива нова когенеративна гасна постројка за комбинирано производство на топлинска и електрична енергија. Проектот предвидува приклучување на опремата на гасоводната мрежа со која управува Energy Ecolink (поранешна Топлана Скопје Север АД Скопје).

Со оваа инвестиција се планира создавање на одржлив и еколошки извор на електрична енергија, како и проширување на постоечките капацитети, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на услугата кон граѓаните, намалување на цената на топлинската енергија, и позитивно влијание врз намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје“ – се вели во соопштението на Tessa Group.

Поврзани содржини