СТАРТУВА АВИОЛИНИЈАТА ОХРИД-ИСТАНБУЛ Се очекува тоа ги развие туризмот и бизнисот во Охридско

Летовите од Истанбул - Охрид ќе се реализираат четири пати седмично и тоа во понеделник, четврток, петок и во недела. Турската авиокомпанија за оваа линија ќе користи авиони „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота.

193

Со првиот лет на турската авиокомпанија  „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Охрид денеска свечено е означен стартот на нововоспоставената авионска линија.

Летовите од Истанбул – Охрид ќе се реализираат четири пати седмично и тоа во понеделник, четврток, петок и во недела. Турската авиокомпанија за оваа линија ќе користи авиони „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота.






Од денеска е воспоставена новата и најважна авионска линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и со светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул.

– Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром. Најголемата светска авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ воведува директна линија, четири пати неделно со најголемиот аеродром во Европа, аеродромот во Истанбул, што многу ќе значи за бројот на патници и не само за туризмот туку и за редовното патување, затоа што аеродромот во Истанбул е со најмногу конектинг летови во Европа. Познавам луѓе кои веќе имаат купено карти од Торонто за Охрид или од Вашингтон за Охрид затоа што преку Истанбул со конектинг летови ќе можат да дојдат во Охрид. Ова ќе помогне да се развиваат туризимот, бизнисот, комуникациите… – рече Николоски.

Тој објасни дека ова е резултат на обмислена стратегија на субвенционирање. Променет е целосно моделот на субвенционирање.

– За охридскиот аеродром од претходно 4,5 евра зголемивме на 12 евра по патник. И наместо за заминување, плаќаме за доаѓање затоа што целта е да доаѓаат луѓето тука. Ги променивме и другите услови и тоа го дава резултатот. Веќе има две нови дестинации до Охрид, тоа се Истанбул и Базел, има нови осум дестинации од Скопје. Но од сите 10 дестинации за мене најважна е Истанбул бидејќи отвора нова врата за охридскиот аеродром и за целиот регион. Во преговори сме и тие преговори за брзо време треба да завршат, со една голема компанија која што очекувам да донесе две до три нови дестинации и на тој начин да расте бројот на дестинации на охридскиот аеродром – рече Николоски.

Неговата цел е во рок од две години да има најмалку десет нови дестинации од Охрид, што целосно би го трансформирало туризмот во Охрид, бизнисот и комуникациите. Тој очекува чартерите на Флајбирд следната година наместо еден да станат два дневно и да слетуваат во Охрид наместо во Скопје.

– И пуштањето на тие 40-тина километри од автопататот од Врбјани до Охрид секако многу ќе значи за охридскиот аеродром – додава Николоски.

Првите патници од Истанбул на охридскиот аеродром беа пречеани од премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“, Серкан Каптан, главниот извршен директор на „Туркиш ерлајнс“ Билал Екси и турскиот амбасадор Фатих Улусој.

 

Поврзани содржини