Раперот Канје Вест неодамна во песната „Hurricane“ на својот нов албум „Донда“ призна дека ја изневерил својата наскоро поранешна сопруга Ким Кардашијан, а сега се појавија нови детали.
Новиот албум на Канје Вест со нетрпение се очекуваше од неколку причини: раперот направи долга пауза за време на која се посвети на модниот дизајн и на политичката кариера, а се случија и настани во неговиот приватниот живот.
Во годината во која Канје Вест и Ким Кардашијан објавија развод, конечно пристигна албумот „Донда“, како и песната која ги оправда очекувањата на публиката, особено делот којшто сакаше сочни детали за нивниот брак.
– Еве ме, се однесувам како да сум премногу богат, еве ме, одам со нова женска, а знам што е вистина, и сѐ уште се шегувам после две деца, тоа е премногу кога твојот живот секогаш се движи – рапува Канје во песната.
Повеќе извори подоцна потврдија дека раперот ја изневерил старлетата Ким по раѓањето на нивниот син Сент, а сега се откри дека неговата љубовница била супер-позната пејачка!
– Канје ја изневери Ким со пејачката од „А-листа“. Во времето кога се случи тоа, Канје претежно живееше во својот стан во Холивуд, бидејќи беше поблиску до студиото и не одеше дома кај Ким и нивното новородено бебе, правеше забави доцна навечер во студиото – изјавил за британски „Сан“ извор близок до раперот.
Тој додал дека прељубата се случила во критичната фаза од нивниот брак, додека Ким се обидувала да се ослободи од килограмите стекнати за време на бременоста.
– Тоа е навистина тажно. Таа се обвинуваше себеси и се заколна дека ќе биде позгодна од кога било – истакнал неименуваниот извор.
Ким и Канје имаат четири деца заедно: Норт, Сент, Чикаго и Псалм, а заедно поминаа девет години, од кои седум беа во брак.