СТАРЛЕТАТА КОНЕЧНО ПРИЗНА Кајли Џенер ставила силикони во градите на 20 години

Старлетата Кајли Џенер конечно призна нешто во што обожавателите долго време се сомневаа. Најмладата членка на кланот Кардашијан - Џенер проговори за пластичните операции што ги направила, но не се работи за нејзиното лице.

517

Старлетата Кајли Џенер конечно призна нешто во што обожавателите долго време се сомневаа. Најмладата членка на кланот Кардашијан – Џенер проговори за пластичните операции што ги направила, но не се работи за нејзиното лице.

Во последната епизода од реалното шоу „Кардашијанс“, 25-годишната ријалити ѕвезда призна дека пред неколку години ги зголемила градите. Таа рече дека се подложила на операција непосредно пред да забремени со своето прво дете, ќерката Сторми.






– Ги зголемив градите пред Сторми… Не мислев дека ќе имам бебе на 20. Имав прекрасни гради. Природни. Едноставно убави. Совршена големина, совршено сè – рекла таа.

Кајли објасни зошто зажалила за пластични операции.

– Само посакувам, очигледно, никогаш да не ги зголемев. На сите што размислуваат за тоа би им препорачала да почекаат додека не родат – признала таа.

Кајли ја роди Сторми во 2018 година, а во февруари оваа година го доби своето второ дете, синот Ајре.

Во минатото таа тврдеше дека нејзините поголеми гради се резултат на „тој период од месецот“ или „пуш-ап“ градници.

Во претходната епизода од најновата сезона, таа објасни доста се шпекулирало дека направила пластична операција на лицето. Таа призна дека ги зголемила усните, но само тоа.

 

 

Поврзани содржини