Беше најмладата милијардерка на светот, а сега е на врвот на најмоќната листа – листата на најбогатите на „Форбс“.
Додека светот се бори со коронавирусот, многу индустрии пропаднаа, но не и продажбата на козметика и разни помагала за негата на убавината. Токму на тоа профитирала и ријалити ѕвездата Кајли Џенер, која престижниот магазин „Форбс“ ја прогласил за најбогатата ѕвезда во 2020 година!
Најмладата од кланот Кардашијан-Џенер заработила дури 600 милиони долари, што ја постави на првото место. И не само тоа! Таа може да се наоѓа и следните пет на оваа позната листа, бидејќи заработила повеќе од сите нив заедно.
Тука спаѓаат нејзиниот зет, второпласираниот рапер Канје Вест, кој заработил 140 милиони, славниот тенисер Роџер Федерер со заработка од 106,3 милиони, фудбалерот Кристијано Роналдо кој инкасирал 105 и фудбалерот Лајонел Меси со 104 милиони долари заработка во 2020 година. Шестопласираниот Тајлер Пери, актер, режисер и продуцент, не ја надминал магичната сума од 100 милиони, туку заработил „само“ 97 милиони долари.
Кајли ја завршува годината исто толку спектакуларно како што ја започнала. Тогаш прво беше прогласена за најмладата милијардерка на светот која сама ги заработила своите пари (тоа ја исклучува од конкуренцијата на богатите наследници), но магазинот „Форбс“ многу брзо ја поништил сопствената селекција, бидејќи, наводно, добил погрешни податоци за заработката.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
FOTO: Инстаграм