СТАРИЦА ИЗИГРАНА ЗА 2.500 ЕВРА ОД ЛАЖЕН ДОКТОР „Вашата ќерка се повреди додека шеташе кучиња“

Исплашена, 77-годишната жена ги оставила парите на договореното место, уверена дека помага на своето дете. Подоцна, кога се слушнала со ќерка ѝ, сфатила дека ништо не било вистина, и дека е прелажана.

187

Старица од Скопје останала без 150.000 денари откако паднала на измама со лажен доктор. Непознато машко лице ѝ се јавило телефонски, претставувајќи се како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се повредила додека ги шетала кучињата и дека ѝ е потребна итна операција.

Исплашена, 77-годишната жена ги оставила парите на договореното место, уверена дека помага на своето дете. Подоцна, кога се слушнала со ќерка ѝ, сфатила дека ништо не било вистина – и дека е насамарена.






Полицијата презема мерки за пронаоѓање на измамникот и целосно расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини