Помеѓу Алмеда и Гери Хардвик постои 53 години разлика , но како што тврдат, тоа за нивната љубов не претставува пречка.
Алмеда (76) и Гери (23) се венчале во 2015 година откако се запознале на погребот на нејзиниот син Роберт, пишува „Сан“.
Својот приватен живот го споделуваат со следбениците на социјалните мрежи, а откако отвориле заеднички профил на социјалната мрежа ТикТок, започнале да снимаат и порно-филмови и да продаваат еротска содржина на страницата за возрасни „Only Fans“.
Оваа страница им овозможува на регистрираните членови да ги споделат нивните провокативни фотографии и снимки и да заработат пари на нив, а се чини дека Алмеда и Гери добро го искористиле тоа.
„Отворивме сметка и покажавме сè, без цензура. Само за една недела влеговме во топ 10 од најследените профили“, напиша Гери на Твитер.
По венчавката, двојката се преселила во куќата на Алмеда и сега живеат со еден од нејзините внуци, кој е три години постар од Гери.
– Не барав момче, но Гери едноставно наиде. Веднаш знаев дека тој е вистинскиот – рекла Алмеда.
Две недели по нивниот прв состанок, Гери веднаш ја запросил по телефон и наскоро го истетовирал и нејзиното име на неговите гради.
– Алмеда е млада во срцето и годините не ни претставуваат проблем. Ние дури и не размислуваме за тоа. Јас само знам дека Бог ги слушна моите молитви денот кога таа влезе во мојот живот – заклучил Гери.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм