СТАРИ ПРОБЛЕМИ НА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ Децата сè уште немаат сензори што безболно ја мерат гликемијата
Во просек, сензорите за безболно мерење на гликемијата, родителите на деца со дијабетес, ги чинат околу 1500 евра годишно, а од здруженијата на дијабетичари се жалат дека нема ни термини за контрола, ниту пак лекари.
Родителите на децата со дијабетес, мора да знаат колку точно јагленихидрати има во порцијата што ќе ја изедат нивните деца за да пресметаат колку инсулин треба да им дадат. Со време, се ќе научите и ќе станете најголем стручњак затоа што едноставно не смеете да згрешите, велат родителите на деца со дијабетес со кои зборувавме за проблемите со кои се соочуваат тие и нивните деца.
Иако оттогаш поминаа 4-5 години, очигледно проблемите уште не се решени. Имено, децата со дијабетес во земјава сè уште немаат сензори што безболно ќе ја мерат гликемијата.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.