СТАРИ ГРАНАТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ГЕВГЕЛИСКО И БИТОЛСКО Две од Првата, една од Втората светска војна

Полицијата потсетува дека при пронаоѓање неексплодирани експлозивни средства граѓаните не треба да ги допираат или преместуваат, туку веднаш да го пријават случајот на надлежните служби.

0

Три неексплодирани гранати од двете светски војни биле пронајдени во изминатите два дена на различни локации во гевгелиско и битолско, а пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги отстраниле, информира МВР во дневниот билтен.

Во првиот случај, жител на Гевгелија пријавил дека во нива на местото викано „Ќупот“ пронашол граната. По интервенцијата на пиротехничар било утврдено дека станува збор за граната со калибар од 100 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.






Истовремено, и жител на селото Давидово, гевгелиско, пријавил дека во нива во атарот на селото пронашол неексплодирана граната. По безбедното подигнување било констатирано дека се работи за граната со калибар од 75 милиметри, исто така од Првата светска војна.

Еден ден подоцна, во битолското село Лавци, 53-годишна битолчанка при чистење на плевна пронашла стара граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола ја подигнал експлозивната направа, а проверките покажале дека потекнува од Втората светска војна.

Полицијата потсетува дека при пронаоѓање неексплодирани експлозивни средства граѓаните не треба да ги допираат или преместуваат, туку веднаш да го пријават случајот на надлежните служби.

Поврзани содржини