СТАРА ИЗМАМА, НОВА ЖРТВА Лажен лекар собрал 300.000 денари од кавадарчанка

Лице кое се претставило како лекар убедило 81-годишна кавадрчанка дека ќерката ѝ е тешко повредена и дека итно треба да се плати операција. Пензионерката излегла пред домот и му предала 300.000 денари на непознат маж.

341

Кавадрачанка била измамена со телефонски повик од лице кое се претставило како лекар. Верувајќи дека нејзината ќерка е тешко повредена и дека мора итно да плати операција, таа му предала 300.000 денари на непознат маж пред нејзиниот дом.

Подоцна сфатила дека станува збор за измама.






„На 05.03.2026 во 21:00 часот во ОВР Кавадарци, 81-годишна жителка на Кавадарци пријавила измама“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини