СТАР ПЕРСИСКИ ЛЕК ПРОТИВ КАШЛИЦА И НАСТИНКА Испробајте го овој топол и вкусен напиток кој брзо и лесно се прави

Наместо да трчате во аптека по сируп против кашлица, направете си го овој вкусен топол напиток

142

Ако кашлате, сте настинале или сте фатиле грип, или само сакате да се згреете и да се напиете нешто топло, испробајте го овој едноставен напиток кој е всушност стар персиски лек од сосема природни и едноставни состојки.

Имено, во традиционалната персиска медицина, храната не е само извор енергија, туку и лек. Овој древен рецепт, кој со векови се пренесува од колено на колено, претставува совршен спој на состојки кои ја враќаат силата на организмот и ги смируваат дишните патишта.






Комбинацијата на урми, кои се природна ризница на минерали и енергија, со антивоспалителната моќ на ѓумбирот, создава моќен штит против инфекциите. Додатокот на ореви обезбедува здрави масти кои помагаат во регенерација на слузницата, додека топлото млеко делува како нежна база која го омекнува грлото и ја смирува кашлицата.

Овој напиток не е само ефикасен природен лек кој помага при сува и надразителна кашлица, туку е и вистинско гастрономско уживање – топол, кремаст и сладок, напиток кој ќе ви помогне побрзо да застанете на нозе во студените денови.

Рецептот, како и видео со инструкции за правење на топлиот напиток, побарајте ТУКА.

Поврзани содржини