Стапката на невработеност во вториот квартал изнесува 16,7 отсто

Во истиот период стапката на вработеност изнесува 47,1 отсто, додека стапката на активност изнесува 56,5 отсто.

510

Стапка на невработеност од 16,7 отсто евидентира Државниот завод за статистика. во вториот квартал од оваа година.

Во истиот период стапката на вработеност изнесува 47,1 отсто, додека стапката на активност изнесува 56,5 отсто.






Бројот на невработени во овој квартал изнесува 159.623, додека бројот на вработени е 793.416 лица. Активното население во земјата брои 953.039 лица.

Во однос на вториот квартал 2019 година  кога имаше стапка на невработеност од 17,5 отсто забележано е намалување, додека во однос на првиот квартал од оваа година кога имаше стапка од 16,2 отсто, невработеноста се зголемила.

 

 

Поврзани содржини