СТАПИЈА НА СИЛА САНКЦИИТЕ НА САД ЗА СРПСКАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА Плаќањето гориво на пумпите ќе се одвива само во динари
Србија, заедно со Белорусија, е единствената европска земја која не воведе никакви санкции врз Русија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година и е постојано под притисок од Европската Унија да се усогласи со надворешната политика на Брисел.
По осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
„Санкциите воведени од САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапија во сила од 6 часот утрово. Во моментов се обезбедени доволни залихи на нафта за преработка, додека бензинските пумпи се правилно снабдувани со сите видови нафтени производи“, објави НИС.
Како резултат на санкциите, „банките ќе мора веднаш да ги запрат сите трансакции со НИС“ за да избегнат да бидат сметани за соработка со санкционираниот субјект“ – изјави професорот по економија Горан Радосављевиќ.
Од НИС, пак, информираа дека протокот на плаќања во динари ќе се одвива без пречки.
Од компанијата појаснија дека во случај странските платежни картички (Mastercard, Visa) да престанат да функционираат, плаќањето на бензинските пумпи ќе биде можно со домашната картичка „Дина“, во готово, како и со методот на локалниот систем за плаќање „IPS pokaži“. Користењето и плаќањето на картичката за лојалност „Со нас на патот“, картичките Agro и Taxi ќе бидат достапни без прекин.
Уште во јануари, САД соопшти дека ќе воведат санкции врз српската нафтена компанија поради руските удели во неа.
Руската група Гаспром сега контролира 45% од компанијата кој пред воведувањето на санкциите на САД за руската енергија изнесуваа 50%. Намалувањето на уделот значеше обид да се избегнат санкциите против НИС во Србија.
По воведувањето на санкциите, структурата на сопственост делумно се промени поради фактот што рускиот Гаспром Нефт го префрли својот удел од околу 5% на Гаспром, со оглед на тоа што гасната компанија не е под санкции.
Вчера, пак, лиценцата на хрватската компанија JANAF, која испорачува нафта во НИС, беше продолжена до 15 октомври, што значи дека НИС може да смета на снабдување до 15 октомври.
Janaf, која испорачува помеѓу 2 и 2 милиони тони нафта и заработува околу 40 милиони евра приходи, минатата година потпиша договор со NIS за транспорт на 10 милиони тони нафта до крајот на следната година.
Србија, заедно со Белорусија, е единствената европска земја која не воведе никакви санкции врз Русија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година и е постојано под притисок од Европската Унија да се усогласи со надворешната политика на Брисел.
Досега, српските власти ги отфрлаа сите идеи за воведување санкции врз Русија.
Американските санкции против НИС се најстрогата казна за Србија за нејзината соработка со Русите досега.