СТАПИЈА НА СИЛА АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ Трамп најави нови од 100% за чипови и полупроводници
Минатата година, министерството соопшти дека САД произведуваат околу 12% од полупроводниците и чиповите во светот, во споредба со 40% во 1990 година.
Царините од 10 до 50% што ги воведе актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, стапија на сила, а влијаат на повеќе од 70 земји.
„Полноќ е! Милијарди долари тарифи сега влегуваат во Северна Америка!“, објави Трамп на социјалните мрежи кратко пред полноќ.
Американскиот претседател денеска дополнително најави дека наскоро ќе воведе царина од околу 100% на чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат во Америка или не планираат да произведуваат во САД.
-Значи, царина од околу 100% на сите чипови и полупроводници што доаѓаат во САД. Но, ако сте се обврзале на производство (во САД) или ако сте во процес на производство (во САД), како што се многумина, нема царина- рече Трамп.
Во 2022 година, Конгресот создаде програма за субвенции од 52,7 милијарди долари за производство и истражување на полупроводници. Минатата година, Министерството за трговија, под претседателот Џо Бајден, ги убеди сите пет водечки компании за полупроводници да лоцираат фабрики за чипови во САД како дел од програмата.
Минатата година, министерството соопшти дека САД произведуваат околу 12% од полупроводниците и чиповите во светот, во споредба со 40% во 1990 година.