📷 СТАНУВАМЕ ЗНАЧАЈНА ЕНЕРГЕТСКА КРСТОСНИЦА ВО РЕГИОНОТ Почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција

Прокетот ќе го реализира домашната компанија „Рапид Билд“, а времето на изградба на проектот е планирано да заврши за 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година. 

1,595

Почнуваме со уште една капитална инвестиција за државата. Не го поставуваме само почетокот на изградба на гасовод, туку го поставуваме почетокот на еден нов енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас, рече премиерот Христијан Мицкоски  во обраќањето на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција денеска во Неготино.

– Оваа не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската стабилност на земјата во нејзиниот економски развој во просперитетната иднина на земјата. Преку реализацијата на овој проект и поврзувањето со останатите во регионот стануваме значајна енергетска крстосница што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за регионот и посебно за македонските граѓани и компании. Ова што денес го правиме не е симболика ова е суштинска промена. Ова е доказ дека кога ќе се фатиме за работа кога ќе имаме визија и кога ќе владее одговорност се може да се направи. Кога имаме визија и одговорност се може да се направи. Овој интерконектор ќе донесе стабилно снабдување на компаниите граѓаните пониски цени за граѓаните и една силна порака- стануваме дел од енергетската мрежа на Европа- рече Мицкоски.






Мицкоски рече дека идејата за проектот датира одамна но сега почнува неговата реализација.

фото: влада

Тој даде и неколку инфрмации за проектот.

-Градиме  66,6 километри гасовод на македонска страна. Почетниот капацитет на гас е  1,5 милијарди кубни метри со потенцијал да се зголеми на 3 милијарди кубни метри. Вредноста на проектот е 60 милиони евра – рече Мицкоски.

Прокетот ќе го реализира домашната компанија „Рапид Билд“, а времето на изградба на проектот е планирано да заврши за 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година.

На настанот, присуствуваа и говореа и министерката за енергетика Сања Божиновска, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и амбасадорките на САД и на Грција Анџела Агелер и Софија Филипиду, претставникот на ЕУ во земјава Михалис Рокас како и претставници на ЕБОР и ЕЦБ.

Амбасадоракта на САД Агелер рече дека на овој преокт се работи 7 години  и неговата изградба е победа за сите во регионот.

-Пред 7 години ја прифативме рамката за изградба на овој конектор и ќе работиме натаму. Овој проект демонстрира независност, стратешка инвестиција во суверенитетот. Проектот ги зајакнува и врските меѓу Македонија и Грција. Како најголем производител  ЛНГ, САД сакаат гасот да се пренесува преку овој гасовод. Партнерствата со соседите се многу поважни од бирократските маневри

Грчката амбасадорка Филипиду рече дека овој интерконектор обезбедува регионална енергетска стабилност, а евроамбасадорот Рокас  рече дека ова е клучна инфраструктура која обезбедува бсбеснос, одржливотст и конкиренција.

-Кога има волја и големо внимание ќе се најде решени. Желбата на релевантните чинители и решителноста не доведе до тука. Ова е клучна инфраструктура која обезбедува безбедност, одржливот и конкуренција – рече Рокас.

За претставникот на ЕЦБ Бјорг Габриел, пак, е значајно тоа што македонска компанија ќе го гради гасоводот.

-Драго ми е што македонска фирма ја предводи изградбата. Овој проект покажува дека македонските фирми се конкурентни и можат да учествуваат на меѓународни конкурси и да добиваат работа –  рече  Габриел.

фото: Влада

За директорот на НОМА ГАС Мухамед Елмази и за министеката за енергетика Сања Божиновска гасното поврзување со Грција ќе ѝ овозможи на земјава да има повеќе извори на природен гас затоа што во моментот единствената врска за природен гас е преку Бугарија.

– Со воспоставување на интерконекцијата, Македонија станува активен дел од регионалната енергетска мрежа. Тоа отвора врати за извоз на енергија, привлекување на странски инвестиции и изградба на стратешки партнерства. Паралелно, работиме на тоа и конечно да ги завршиме сите формалности за да го ставиме во функција продуктоводот за транспорт на дизел. Успеавме да ги надминеме правните предизвици во однос на царинската регулатива, така што сега нема пречки ниту за користење, ниту за наплата. Во тек се технички испитувања, и очекуваме продуктоводот да биде ставен во употреба во наредните неколку месеци -рече Божиновска.

Поврзани содржини