СТАНУВАМЕ СÈ ПОГЛУПАВИ И никогаш нема да погодите зошто – оти не сте паметни да ви текне

Истражувањата покажуваат дека интелигенцијата се намалува на светско ниво, но СЗО смисли паметен одговор зошто - за да не се чувствуваме глупаво.

1,157

На стандардните тестови за интелигенција кои ги полагаат децата во повеќе држави од светот во минатото се забележуваше нагорен тренд на нивото на интелигенција. Така она што било просек во 1950 година било далеку под просекот во 1980 година.

Овој таканаречен Флинов ефект важи за поголем дел од 20 век. Но, како што покажуваат истражувањата, сега се случува обратен тренд, наместо поинтелигентни децата стануваат помалку интелигентни.






Од почетокот на 1990-тите години, општиот коефициент на интелигенција почнл да опаѓа. забележале норвешките научници кои се занимавале со оваа проблематика. Податоците од 20 век биле во согласност со Флиновиот ефект, но изненадувачки, во 1990-тите, тој почнал да слабее и да опаѓа.

После ваквите трендови се запалило црвеното светло и повеќе внимание им се посветило на новите тестирања, во кои се вклучил и самиот Флин. Според податоците во Велика Британија, кај 14-годишниците меѓу 1980 и 2008 година, коефициентот на интелигенција се намалил за 2 поени.

Контроверзниот научник Ричард Лин, чие поле на интерес е дисгентиката, спротивност на евгениката, вели дека до ова доаѓа поради тоа што луѓето со понизок коефициент на интелигенција имаат повеќе деца. Лин за падот на националните нивоа на интелигенција ги обвинува и мигрантите, кои според него доаѓаат од земји каде што луѓето сѐ помалку интелигентни.

Норвешките научници овие тези ги сметаат за неприфатливи и според најновите истражувања, за опаѓањето на Флиновиот ефект има други виновнии – факторите на животната средина.

Тоа истражување открило дека влијанието на бројот на деца родени кај помалку интелигентни родители и доаѓањето на мигрантите имаат занемарливо влијаније. Како што велат истражувачите, нивото на интелигенција кај децата опаѓа за 2 поени секоја година, а единствено логично објаснување е дека нешто во модерното општество им го попречува развојот.

Светската здравствена организација нуди друго објаснување – загаденоста на воздухот. Денес, 90 отсто од светското население живее со загаден воздух, чиј состав може да влијае на болести, но и на забавување и запирање на развојот на децата.

 

Поврзани содржини