СТАНУВАМ ВО 5:30 НАУТРО ЗА ДА ВЕЖБАМ ВО ТЕРЕТАНА! Ковачевски откри дека е луд по вежбањето

Станувам рано, станувам околу 5:30 часот и одвојувам време да спортувам 45 минути пред да го започнам работниот ден – рече лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во поткст на ТВ Сител.

1,454

Спортот е важен за мене и ден денес граѓаните можат да ме видат на кејот на реката Вардар каде што редовно трчам. Често пати знам да одам и во теретана за да се издржи напорот што го носи позицијата. Физичката кондиција влијае и на психичкиот мир на секој човек. Станувам рано, станувам околу 5:30 часот и одвојувам време да спортувам 45 минути пред да го започнам работниот ден – рече лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во поткст на ТВ Сител.

Во поткастот тој раскажува дека во младоста бил голман во тим за мал фудбал што се игра во сала.






– Куманово беше спортски град и имаше исклучително квалитетен кошаркарски тим, се натпреваруваше секогаш во прва Б југословенска лига. Ако ја споредите со лигите во Европа, тогаш е веројатно посилна од европските лиги. Спортската сала на Куманово беше една од најголемите сали на Југославија, јас сепак бев поуспешен во фудбалот. Бев голман. Имаше мој сограѓанин којшто извршува висока функција и на една емисија раскажуваше дека сум добар голман. Тогаш беше популарен мал фудбал. Настапувавме на првенства каде што ретко кој можеше да го победи тој тим – рече Ковачевски

Тој отки дека имал повреда, но како што рече, спортот никогаш целосно не го напуштил.

– После операција на колено и дискус хернија, после тие голмански денови најдобар другар ми стана еден од нашите најдобри ортопеди Антонио Гавриловски, којшто секогаш знае што да направи кога ќе имам болки – рече Ковачевски.

Поткастот на Сител со Ковачевски можете да го гледате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини