СТАНУВА СМЕШНО, ДА НЕ РЕЧАМ ТРАГИЧНО Мириса на изигрување на законот, вели Калајџиев за случајот со Даравелски

Да се јави лицето откако ќе истече можноста за гонење, односно застарување на делото по 20 години и да му се одобри со верување дека лицето кое 20 години живеело во Белград не знаело за сите постапки за него, вели професорот.

5,896

Универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев смета дека судската одлука поранешниот директор на Царинската управа да добие ново судење е чудна и „мириса“ на изигрување на законот.

– Одлуката е во најмала рака чудна. Да не речам дека отворено мириса на изигрување на законот, некој вид злоупотреба. Од кои мотиви не знам. Луѓето прво што помислуваат се лукративни мотиви. Да се тврди дека два совети се поткупени е исто така тешко обвинение… Да се јави лицето откако ќе истече можноста за гонење, односно застарување на делото по 20 години и да му се одобри со верување дека лицето кое 20 години живеело во Белград не знаело за сите постапки за него. Па нема човек во Македонија кој не знае дека Даравелски е во бегство и бил осуден. Станува смешно, да не речам трагично – изјави за ТВ Телма професорот Калајџиев.






Некогашниот директор на Царинската управа беше осуден во отсуство за злоупотреби пред дваесет години, а неодамна се врати во Македонија од Србија, каде беше во бегство. Тој денеска беше пуштен од затворот „Идризово“ по 35 дена, откако судот му одобри ново судење, на кое најверојатно ќе биде ослободен поради застареност на делото.

ДАРАВЕЛСКИ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО ЦЕЛИ 20 ГОДИНИ Пред затворот го чекаше возило со затемнети стакла, а тој одби да разговара со новинарите (ВИДЕО)

Поврзани содржини