СТАНУВА ПООПАСНО ОД ТУТУНОТ Преработената храна може да предизвика зависност како цигарите и дрогата
Лошата исхрана го надмина тутунот како водечка причина за смрт на глобално ниво, а лоша исхрана значи ултра-преработена храна. Иако не предизвикува зависност на ист начин како алкохолот или хероинот, преработената храна дејствува слично на начинот на кој кокаинот делува на мозокот и може да создаде еден вид психолошка зависност, вели д-р Крис ван Тулекен, автор и вонреден професор од Англија.
Д-р Крис ван Тулекен неодамна презентирал кутија засладени житарки пред Комитетот за храна, исхрана и дебелина во Домот на лордовите, Велика Британија, истакнувајќи ја потребата од забрана за рекламирање на штетната брза храна, вклучително и таквите житарки. Говорејќи како експерт, тој предупредил на сериозните здравствени проблеми предизвикани од нездравата храна, особено кај децата.
Според него, прехранбената индустрија често се однесува слично како тутунската индустрија, продавајќи производи кои можат да бидат штетни и да создадат зависност. Во својата книга „Ultra-processed People: Why Do We Eat Stuff That Isn’t Food And Why Can’t We Stop” (Ултра процесирани луѓе: Зошто јадеме работи што не се храна и зошто не можеме да престанеме), тој го истражува влијанието на нездравата храна врз здравјето, истакнувајќи ја врската помеѓу консумирањето таква храна и сериозните здравствени проблеми како што се дијабетес, срцеви заболувања и рак, пишува Дејли Мејл.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.