СТАНУВА НАЈПЛАТЕНИОТ ИГРАЧ ВО АНГЛИЈА Погба го продолжи договорот со „ѓаволите“

Французинот оваа сезона одигра девет натпревари за Манчестер јунајтед и креираше седум асистенции.

555

Фудбалерот за врска Пол Погба одлучи да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед. Според „Л’Екип“, 28-годишниот Французин за ова ги известил своите агенти.

Се забележува дека Погба ќе добие една од највисоките плати во историјата на англиската Премиер лига.






Французинот оваа сезона одигра девет натпревари за Манчестер јунајтед и креираше седум асистенции.

Претходните две години, Погба постојано беше на „излезна“ врата од Манчестер јунајтед и не ги прикажуваше очекуваните игри, но во тековната сезона тој е еден од најдобрите во тимот.

Поврзани содржини