„СТАНИ МАКЕДОНЧЕ, ПОТРЕБНА Е АКЦИЈА“ Ќе се поклонат ли и Комитите на гробот на Гоце Делчев в сабота?
„Стани Македонче, потребна е акција, за даскалот кој ја обедини целата нација“ – пишува на транспарентот, под кој стои и датумот на раѓањето на Гоце Делчев.
Навивачката група Комити индиректно најави дека ќе присуствува на одбележувањето на денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кое ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Комитите упатија повик до јавноста преку транспарентот што го истакнаа од трибините за време на ракометниот натпревар Вардар-Партизан.
Освен паролата „Црвено-црниот свет“, тие повикаа на акција.
„Стани Македонче, потребна е акција, за даскалот кој ја обедини целата нација“ – пишува на транспарентот, под кој стои и датумот на раѓањето на Гоце Делчев.
Одбележувањето на денот на раѓањето на Делчев ќе биде со засилени контроли од полицијата и е оценето и како настан од висок ризик.