Стандардите за цврсто биогориво се најдоа на листата на безбедни производи
Овие стандарди важат од почетокот на месецов.
Министерството за економија ја дополни Листата на стандарди со чија употреба се смета дека производот е безбеден со стандардите за цврсти биогорива. Овие стандарди важат од почетокот на месецов, соопштија од Министерството за животна средина.
Воведувањето на стандардите е на барање на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Со објавување на дополнетата листа на стандарди во Службен весник, од 2 февруари овие стандарди стануваат задолжителни и за производителите и за трговците.
На тој начин се воведува регулирање на квалитот на цврстите горива што се користат во државата, со што ќе се влијае на подобрување на квалитетот на воздухот, на животнта средина и на здравјето на луѓето.
Стандарди важат огревно дрво, пелети, дрвени палети, дрвени делканици и дрвени брикети.