СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ ВО ЕУ ПОСКАПЕЛ ЗА 9,2 ОТСТО Најголем раст од 22 отсто има во Чешка

Најнизок раст на цените на становите има во Кипар, само 2,2 отсто, а потоа следат Италија и Шпанија каде што цените на становите пораснале за 4,2 отсто.

1,279

Цените на становите во ЕУ во третиот квартал лани пораснале за 9,2 отсто во однос на истиот период претходната година, што е најголем раст во изминатите 15 година. Ова го покажуваат податоците на Евростат.

Во вториот квартал цените биле  зголемени за 7,4 отсто, покажуваат ревидираните податоци.






Највисок раст на цените на становите, според податоците на Евростат има во Чешка, од 22 отсто. Следат Литванија и Естонија со поскапувања од 18,9 односно 17,3 отсто и Холандија каде што станбениот квадрат поскапел за 16,8 отсто.

Во третиот квартал лани, цените на станбените недвижности во Хрватска се зголемени за 9 отсто.

Најнизок раст на цените на становите има во Кипар, само 2,2 отсто, а потоа следат Италија и Шпанија каде што цените на становите пораснале за 4,2 отсто.

Поврзани содржини