СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ СТАНУВА ПОСКАП Во Центар квадратот за новоградба достигна 2.000 евра

На растот на цените на становите влијаат и зголемените цени на градежните материјали, но и намалениот број на градежни дозволи.

4,839

Растот на цените на градежните материјали, намалениот број на одобренија за градба, недостигот на работна рака и зголемената побарувачка ги зголемија цените на становите во главиот град.

Од градежната комора која уште на почетокот на годината најави дека е можно цената на станбениот квадрат дво Центар да достигне и до 2.000 евра, велат трендот нема да запре до крајот на годината.






Според градежниците, трендот на зголемување на цените на становите почна лани кога беше намалено издавањето дозволи за градење, најмногу во центарот на Скопје. Дополнително намалените градежни активности придонесоа квалитетниот градежен кадар да ги напушта работните места па градежниците мораа да ги зголемат платите за да ги задржат останатите. На сето тоа големо влиание има и глобалниот раст на цените на градежните материјали. Цените на градежните материјали за една година поскапеа за 80 отсто. Во меѓувреме порасна и побарувачката на станови наспроти помалата изградба, што влијае овој тренд да потреае.

Лани според податоците на Државниот завод за статистика звршени се 1.194 станови  што е речиси за 60 отсто помал во однос на 2019 година, кога биле завршени 2.905 станови.

Наспроти тоа, побарувачката на станови расте, што може да се види од податоците на одобрени станбени кредити во банките. Податоците на Народната банка покажуваат дека  салдото на издадени станбени кредити со состојба во јуни 2021 година изнесува 1,02 милијарди евра, што е за 136 милиониевра  или за 15,3 отсто повеќе споредено со истиот период во 2019 година.

Оваа година инвестициите во градежништвото бележат нагорен тренд, при што може да се забележи податокот дека во последните 12 месеци во Скопје се издадени одобренија за градење вкупно 2. 936 за  нови станови што би биле готови во следните 24 месеци.

Намалената понуда на станови на пазарот укажува на фактот дека во периодот што следува цените на становите би продолжиле да растат.

Моменталните цени на станови кои се градат во Скопје, огласени на веб огласниците  се движи меѓу 950 и 2.000 евра за квадрат зависно во која населба се наоѓа градбата и кога е почната да се гради. На пример во Капиштец може да се најде стан во изградба за 1.100, 1.250 ,1.350 но и 2.000  и 2.116 евра.

И од агенциите за недвижности велат дека очекуваат да продолжи позитивниот раст на цените. Според нив најбарани се становите со сопствени паркинг-места и близина до простори што овозможуваат надворешни активности, како што се паркови.

 

Поврзани содржини