СТАНАА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ На Мицевски, Стаменковска Трајкоска и на Проданоски им престанува пратеничкиот мандат

Се очекува на денешната седница на Собранието, прва по вчерашниот втор круг од локалните избори, да биде констатиран престанок на нивниот пратенички мандат.

576

До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник.  Известувањата следуваат по изборот на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, Мицевски на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска на Кисела Вода и Проданоски на Прилеп, на Локалните избори, што се одржаа, на 19 октомври и на 2 ноември.

Се очекува на денешната седница на Собранието, прва по вчерашниот втор круг од локалните избори, да биде констатиран престанок на нивниот пратенички мандат.






Пред пратениците на седницата треба да се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос.

На местата на Стаменковска-Трајковска и Мицевски пратеници треба да бидат следните на листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4.

Поврзани содржини