Стаменковска Стојковски: Пандемијата ја извади на виделина „дигитализацијата” на Манчевски

Таа обвини дека мерките кои требало да помогнат во справување со пандемијата, искористени се за поткуп и за свесно изложување на граѓаните во непотребен ризик пред институциите.

442

Колку звучи несериозно па макар било и од Дамјан Манчевски, после цели 3 месеци да најавува нови протоколи во институции и дигитализација на истите, напиша на дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски на Фејсбук.

„Вработените и граѓаните се незаштитени, а институциите се новите кластери на ковид-19. Почитување на Законот за безбедност и здравје при работа и воведување на протоколи беа потребни и во месец март како што се потребни и денес. Одговорноста е кај функционерите на СДС кои како што имаат права имаат и обврски. Дамјан Манчевски се изгуби во времето и освен да инсистира на казнување на граѓаните, нека почне со казнување на своите сопартијци кои се највиновни за неспроведување на законот, протоколите и мерките за заштита на здравјето и животот на вработените во јавниот сектор Дигитализацијата на Манчевски, може да ја видите чекајќи со саати пред Центрите за социјална работа, АВРМ, ФПИОМ, УЈП, ФЗО, Матична евиденција, Катастар и други институции“, напиша Стаменковска Стојковски.






Таа обвини дека мерките кои требало да помогнат во справување со пандемијата, искористени се за поткуп и за свесно изложување на граѓаните во непотребен ризик пред институциите.

„Со часови да чекаат и молат за милост на вашата дигитализација, истата таа која мачната реалноста и секојдневие ја демантираше. Одговорност ќе има за непочитување на законите и за свесно загрозување на здравјето и животот на вработените во јавниот сектор така и за граѓаните кои 3 месеци чекаат милост од државата и три години ја чекаат дигитализација на Манчевски“, напиша Стаменковска Стојковски и објави фотографии на кои се гледа метеж пред институциите.

Поврзани содржини