Стаменковска Стојковски: Директорот на ЈСП не ги ослободува од работа хроничните болни и родителите на деца до 10 години
Јавно Сообраќајно Претпријатие Скопје – Скопје и Директорот Кристијан Чушков се пример за непочитување согласно пријавите кои ги добивам и истите ќе ги доставам до Државен инспекторат за труд за да изврши вонреден надзор а со цел заштита на правата на работниците за време на вонредна состојба.
Мојата објава за непочитување на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години или имаат хронично заболување и примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, а во врска со годишниот одмор потекнува од реални институции кои продолжуваат да работат спротивно на Заклучокот на владата од 25-тата седница од 21 март 2020 година, и на „Службен весник на РМ“, бр. 90/20 од 4.4.2020 година во кој е објавена Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба о заради тоа од денес јавно ќе ги објавувам сите оние за кои ми пристигаат известувања и жалби, рече на прес конференција Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик во МИОА.
– Јавно Сообраќајно Претпријатие Скопје – Скопје и Директорот Кристијан Чушков се пример за непочитување согласно пријавите кои ги добивам и истите ќе ги доставам до Државен инспекторат за труд за да изврши вонреден надзор а со цел заштита на правата на работниците за време на вонредна состојба.
Единствената Влада во светот која на секој можен начин се обидува да им наштети на вработените во администрацијата и генерално на сите работници е владата на СДС. Поточно, оваа влада не може да спроведе сопствен заклучок, функционерите кои ги има избрано владата на СДС не ја почитуваат мерката за: ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години и примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, а во врска со годишниот одмор.
Повеќе вработени во јавниот сектор и работници од приватниот сектор ме информираа и пожалија дека од страна на овластени лица од институциите во кои се вработени биле известени дека мора да се појават на работа без разлика што се ослободени од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години или имаат хронично заболување. Во приватниот сектор има иста појава со потешки последици за вработените односно, по истиот основ ослободените од работа им се исплаќаат симболични износи во вид на плата. Слична е состојбата и со годишните одмори.
Заедно ќе се избориме и ќе ја надминеме оваа состојба. Законите и правото мора да се почитуваат и одговорност ќе има – рече Стаменкова Стојковски.