Стаменковска Стојковски ја обвини СДСМ за вработување партиски послушници
Таа рече дека ќе се ангажираат да го „вратат достоинството на вработените во јавниот сектор, а јавната администрација ќе биде вистински партнер на бизнисот и граѓаните“.
Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски денеска ја обвини СДСМ дека вработуваат партиски послушници. Таа истакна дека во нашата држава има дупло зголемување на вработувањата на определено време.
– Општина Ѓорче Петров е уште еден пример за заробена институција менаџирана од градоначалникот на Социјалдемократскиот сојуз. Градоначаникот на Ѓорче Петров се однесува како партиски послушник, а не како градоначалник на сите граѓани. За градоначалникот потребите на граѓаните може да почекаат, а нарачките на кадровата комисија на Социјалдемократскиот сојуз за партиски вработувањеа мора итно да се спроведат. Токму за ваквото расипничко работење алармирав и апелирав изминатиов период. Се вработуваат партиски активисти на СДСМ веќе однапред познати на јавноста, односно на Општина Ѓорче Петров. И како тоа да не беше доволно, па се продолжи со трошење на народните пари, па имаме дупло зголемување на вработувањата на определено време преку Агенцијата за привремени вработувања – рече Стаменковска Стојковски
Дополнителната заменик министер истакна дека за вработувања на определено време преку Агенцијата за предвремени вработувања во 2018 година потрошени се 6 милиони и 500 илјади денари, додека во 2019 година приближно 14 милиони денари.
Таа рече дека ќе се ангажираат да го „вратат достоинството на вработените во јавниот сектор, а јавната администрација ќе биде вистински партнер на бизнисот и граѓаните“.