Стаменковска до Филипче: Ги пријавува ли некој заразените во администрацијата?

462

Дополнителната заменик министерка за информатичко општество и администрација  Невенка Стаменковска Стојковски на Фејсбук реагира и обвинува за „негрижа и непреземањето мерки за заштита на вработените во јавниот сектор од ковид-19.“

„Поради негрижа на Владата на СДСМ и не превземање на заштитни мерки, државните институции се новите потенцијални кластери на ковид-19. Секој ден слушаме казни, клевети и обвинувања за граѓаните како не ги почитувале мерките за заштита од ковид-19, а ниту еднаш Комисијата за заразни болести (КЗБ) и министерот Филипче не го слушнавме да спомне а уште помалку да казни било кој функционер за непочитување на мерките во институциите и неспроведување на Законот за безбедност и здравје при работа⁉️






Се затвараат институции, голем дел од вработените се заразени или во самоизолација и никој не се запраша дали на вработените во јавниот сектор им се обезбедени основни услови за работа, лична заштитна опрема, колективна заштитна опрема…⁉️ Функционерите на СДСМ се заштитени од одговорност и единствена задача им е да уживаат во привилегиите кои со ребалансот на буџетот им останаа, да не подлежат на карантин доколку патуваат, да вработуваат неосновано и незаконски и да делат „социјални пакети” за време на пандемија. Лицемерно е да се обвинуваат граѓаните а кластерот на заразени да е најприсутен во државните и јавни институции!

Вистинското прашање до министерот Филипче и Караџовски е дали воопшто се пријавуваат заразените со ковид-19 во институциите? Дали воопшто некој се грижи за вработените во јавниот сектор и за работниците во Македонија при општа хистерија кај Владата да ги обвинува само граѓаните за непочитивање на мерките?“, пишува Стаменковска.

Поврзани содржини