За разлика од акционите херои кои по правило ги глуми во филмови, Силвестер Сталоне (74) уште еднаш ја покажа својата емотивна страна пред своите следбеници и објави фотографија на Инстаграм со своите убавини ќерки.
– Надвор сум со моите девојки. Само накратко ги симнавме маските за фотографијата. Чувајте се сите – им порача популарниот Слај на многубројните обожаватели, кои не го криеја своето одушевување од семејната фотографија.
Сталоне ги доби ќерките Софија (23), Систине (22) и Скарлет (18) со сопругата, поранешната манекенка Џенифер Флавин (51), со која е во брак од 1997 година.
Фановите на холивудската легенда не пропуштиле да се согласат со Сталоне, а исто така му пишуваат дека е очигледно дека девојчињата ја наследиле убавината од неговата прекрасна сопруга.
ФОТО: Инстаграм