СТАФА ЗЕЛ 50.000 ЕВРА ЗА ДА УБЕДИ СУДИЈА ДА УКИНЕ ПРИТВОР Парите ги примил од сестрата на лицето кое е во бегство

На 06.10.2025 година Стафа примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата, наведе полицијата.

916

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Фехми Стафа, поранешен државен правобранител поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.






Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата, наведе полицијата.

Непосредно по примањето на парите осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите.

УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА Осомничен за поткуп од неколку десетици илјади евра

Поврзани содржини